Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекс на индустриското производство, декември 2015 година

петок, 29 јануари 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември
2015 година во однос на декември 2014 година изнесува 110.5.


Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2015
година, во однос на декември 2014 година, бележи пораст од 4.9%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 11.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст
од 12.1%.


Според главните индустриски групи, производството во декември 2015 година, во однос на декември 2014
година, бележи пораст кај Енергија за 19.7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.7%, Капитални
производи за 16.3%, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.5% и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 10.7 %.


Индексот на индустриското производство во периодот јануари - декември 2015 година, во однос на периодот
јануари - декември 2014 година, изнесува 104.9.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика