Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, септември 2015

среда, 28 октомври 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември
2015 година, во однос на септември 2014 година, изнесува 108.6.


Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2015
година, во однос на септември 2014 година, бележи опаѓање од 3.7%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 11.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
опаѓање од 14.8%.


Според главните индустриски групи, производството во септември 2015 година, во однос на септември 2014
година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.5%, Капитални производи за
24.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6.9%
и Трајни производи за широка потрошувачка за 5.8%.


Индексот на индустриското производство во периодот јануари - септември 2015 година, во однос на периодот
јануари - септември 2014 година, изнесува 102.5.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика