Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2015
година, во однос на август 2014 година, изнесува 112.7.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2015
година, во однос на август 2014 година, бележи пораст од 18.2%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 8.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст
од 45.0%.
Според главните индустриски групи, производството во август 2015 година, во однос на август 2014 година,
бележи пораст кај Енергија за 39.0%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.1%, Капитални
производи за 14.6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 10.1% и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 12.6 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - август 2015 година, во однос на периодот
јануари - август 2014 година, изнесува 101.7.