Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, јуни 2015 година

среда, 29 јули 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2015
година, во однос на јуни 2014 година, изнесува 106.4.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2015 година,
во однос на јуни 2014 година, бележи пораст од 9.2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 4.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 13.8%.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, бележи
пораст кај Енергија за 5.8 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.4% и Капитални производи за
33.3%, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 16.6% и Нетрајни производи
за широка потрошувачка за 0.5 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари-јуни 2015 година, во однос на периодот јануари-
јуни 2014 година, изнесува 100.8.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика