Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, декември 2014

среда, 28 јануари 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември
2014 година, во однос на декември 2013 година, изнесува 100.7.


Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2014
година, во однос на декември 2013 година, бележи опаѓање од 6.6%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 2.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање
од 5.0%.


Според главните индустриски групи, производството во декември 2014 година, во однос на декември 2013
година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.0%, Капитални производи за
47.1% и Трајни производи за широка потрошувачка за 16.9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 12.2% и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.2%.


Индексот на индустриското производство во периодот јануари - декември 2014 година, во однос на периодот
јануари - декември 2013 година, изнесува 104.8.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика