Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јануари 2025
година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 101.4.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2025 година,
во однос на јануари 2024 година, бележи опаѓање од 5.1 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 4.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4.1 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во
следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на
текстил, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), Производство на производи од гума и производи од
пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство
на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи
пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16.4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за
20.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8.4 % и
Капитални производи за 8.3 %.