Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2024
година, во однос на септември 2023 година, изнесува 92.1.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2024
година, во однос на септември 2023 година, бележи опаѓање од 7.5 %, во секторот Преработувачка индустрија
бележи опаѓање од 6.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање
од 10.0 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните
оддели: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии
и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство
на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи,
Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство
на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година,
бележи опаѓање кај Енергија за 14.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 12.2 %, Трајни производи за
широка потрошувачка за 3.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.9 %, додека пораст бележи кај
Капитални производи за 2.4 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на периодот
јануари – септември 2023 година, изнесува 95.8.