Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2024
година, во однос на август 2023 година, изнесува 98.4.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2024 година, во
однос на август 2023 година, бележи опаѓање од 18.4 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од
1.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4.6 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните
оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Печатење и продукција на снимени медиуми
(записи), Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на електрична опрема, Производство
на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки,
Производство на мебел и Поправка и инсталирање на машини и опрема.
Според главните индустриски групи, производството во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи
пораст кај Капитални производи за 28.7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 34.0 %, додека опаѓање
бележи кај Енергија за 8.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 14.6 % и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 5.0 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – август 2024 година, во однос на периодот јануари –
август 2023 година, изнесува 96.4