Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, изнесува 86.8.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, бележи опаѓање од 17.1 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 10.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18.4 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хартија и производи од хартија, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 22.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.2 %, Капитални производи за 11.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 9.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17.4 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - мај 2024 година, во однос на периодот јануари - мај 2023 година, изнесува 95.1.