Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април 2024
година, во однос на април 2023 година, изнесува 98.8.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2024 година,
во однос на април 2023 година, бележи пораст од 0.3 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од
4.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 39.6 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во
следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил,
Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), Производство
на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство
на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни
возила, приколки и полуприколки и Производство на останата опрема за транспорт.
Според главните индустриски групи, производството во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи
пораст кај Капитални производи за 17.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %, додека опаѓање
бележи кај Енергија за 37.1 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.3 % и Трајни производи за широка
потрошувачка за 3.5 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – април 2024 година, во однос на периодот јануари –
април 2023 година, изнесува 97.4.