Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, декември 2023 година

среда, 31 јануари 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември 2023
година, во однос на декември 2022 година, изнесува 94.2.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2023 година,
во однос на декември 2022 година, бележи опаѓање од 3.0 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од
3.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 23.2 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните
оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски
производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен
машини и опрема и Производство на електрична опрема.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година,
бележи опаѓање кај Енергија за 23.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 9.9 %, Трајни производи за
широка потрошувачка за 1.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.4 %, додека пораст бележи кај
Капитални производи за 22.6 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – декември 2023 година, во однос на периодот јануари
– декември 2022 година, изнесува 100.7.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика