Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, октомври 2023 година

петок, 01 декември 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, изнесува 109.9.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, бележи пораст од 15.9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 19.0 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 11.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 %, Капитални производи за 27.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.4 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 28.0 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на периодот јануари – октомври 2022 година, изнесува 101.7.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика