Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2023
година, во однос на септември 2022 година, изнесува 104.5.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2023
година, во однос на септември 2022 година, бележи пораст од 23.4 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи
пораст од 3.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 10.1 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните
оддели: Производство на пијалаци, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни
фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи,
Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство
на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 21.5 % и Капитални производи за 0.7 %, додека
опаѓање бележи кај Енергија за 10.5 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.8 % и Нетрајни производи
за широка потрошувачка за 1.8 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на периодот
јануари – септември 2022 година, изнесува 100.7.