Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на индустриското производство, август 2023 година
петок, 29 септември 2023
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2023 година, во однос на август 2022 година, изнесува 94.9. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2023 година, во однос на август 2022 година, бележи опаѓање од 8.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 5.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 5.7 %. Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел. Според главните индустриски групи, производството во август 2023 година, во однос на август 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 1.1 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.5 %, Капитални производи за 7.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 26.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.8 %. Индексот на индустриското производство во периодот јануари – август 2023 година, во однос на периодот јануари – август 2022 година, изнесува 100.3.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|