Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во
јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, изнесува 104.9.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни
2014 година, во однос на јуни 2013 година, бележи опаѓање од 9.9%, во секторот Преработувачка
индустрија бележи пораст од 12.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа
и климатизација опаѓање од 33.1%.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2%, Капитални производи за
70.6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 36.0% и кај Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 6.4% додека опаѓање бележи кај Енергија за 26.9%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - јуни 2014 година, во однос на
периодот јануари - јуни 2013 година, изнесува 104.5.