Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, изнесува 103.7.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи опаѓање од 1.6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 39.9%.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 17.7% и Капитални производи за 15.6%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 7.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.0%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - јуни 2023 година, во однос на периодот јануари - јуни 2022 година, изнесува 101.5.