Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април 2023
година, во однос на април 2022 година, изнесува 98.3.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2023 година, во
однос на април 2022 година, бележи опаѓање од 11.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од
4.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 47.2%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните
оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство
на хемикалии и хемиски производи, Производство на други неметални минерални производи, Производство на
метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на електрична
опрема.
Според главните индустриски групи, производството во април 2023 година, во однос на април 2022 година, бележи
пораст кај Енергија за 29.6%, Капитални производи за 1.5% и Трајни производи за широка потрошувачка за 11.3%,
додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14.1% и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 0.2%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - април 2023 година, во однос на периодот јануари -
април 2022 година, изнесува 99.7.