Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, март 2023 година

петок, 28 април 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2023 година, во однос на март 2022 година, изнесува 101.3.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2023 година, во однос на март 2022 година, бележи опаѓање од 11.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10.1 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март 2023 година, во однос на март 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 5.5%, Капитални производи за 11.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.0 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 5.1 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари - март 2023 година, во однос на периодот јануари - март 2022 година, изнесува 100.1.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика