Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, декември 2022 година

вторник, 31 јануари 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, изнесува 98.7.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи опаѓање од 2.3 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 2.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 11.6 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.1 %, Капитални производи за 0.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 16.9 %, додека пораст бележи кај Енергија за 10.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – декември 2022 година, во однос на периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 99.7.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика