Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, мај 2014

петок, 27 јуни 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во
мај 2014 година, во однос на мај 2013 година изнесува 109.7.


Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај
2014 година, во однос на мај 2013 година, бележи пораст од 13.9%, во секторот Преработувачка
индустрија бележи пораст од 16.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа
и климатизација опаѓање од 26.1%.


Според главните индустриски групи, производството во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.4%, Капитални производи за
77.0% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.9%, додека опаѓање бележи кај
Енергија за 10.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 19.7%.


Индексот на индустриското производство во периодот јануари - мај 2014 година, во однос на
периодот јануари - мај 2013 година, изнесува 104.5.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика