Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2022 година,
во однос на јули 2021 година, изнесува 95.0.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2022 година, во
однос на јули 2021 година, бележи пораст од 7.3 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 5.6 %, а во
секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 12.2 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните
оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на облека,
Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани
метални производи, освен машини и опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2022 година, во однос на јули 2021 година, бележи
опаѓање кај Енергија за 5.1 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 12.8 %, Капитални производи за 1.9 %
и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.5 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - јули 2022 година, во однос на периодот јануари - јули
2021 година, изнесува 101.2.