Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во мај 2022 година,
во однос на мај 2021 година, изнесува 108.5.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2022 година, во
однос на мај 2021 година, бележи пораст од 5.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.6 %,
а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 66.0 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните
оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство
на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила,
приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи пораст
кај Енергија за 58.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.3 %, Капитални производи за 8.7 %, Трајни
производи за широка потрошувачка за 20.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2022 година, во однос на периодот јануари – мај
2021 година, изнесува 102.9.