Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, април 2022 година

вторник, 31 мај 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април 2022 година, во однос на април 2021 година, изнесува 96.2.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи опаѓање од 2.1 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 28.8 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.0 %, Капитални производи за 5.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.4 %, а бележи пораст кај Енергија за 24.1 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 10.0 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари  ̶  април 2022 година, во однос на периодот јануари  ̶ април 2021 година, изнесува 101.5.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика