Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, изнесува 100.7.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, бележи пораст од 36.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 4.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 14.8 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, бележи пораст кај Енергија за 18.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.5 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 19.8 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 3.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.8 %.