Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, ноември 2021 година

четврток, 30 декември 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, изнесува 104.7.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, бележи пораст од 7.4 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 3.6 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, бележи пораст кај Енергија за 6.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.5 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 34.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14.6 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 12.9 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – ноември 2021 година, во однос на периодот јануари – ноември 2020 година, изнесува 102.1. 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика