Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, изнесува 93.5.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи пораст од 0.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 10.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 18.6 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 33.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %, додека пораст бележи кај Енергија за 10.8 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 31.9 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – октомври 2021 година, во однос на периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 101.8.