Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2021 година, во однос на август 2020 година, изнесува 98.6.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2021 година, во однос на август 2020 година, бележи пораст од 12.8 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 3.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 3.7 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во август 2021 година, во однос на август 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 9.9 %, Капитални производи за 24.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.2 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 24.5 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 13.4 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - август 2021 година, во однос на периодот јануари - август 2020 година, изнесува 104.5.