Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, изнесува 99.4.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи пораст од 39.9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 3.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4.9 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 20.5 %, Капитални производи за 14.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.5 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 20.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 9.6 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - јули 2021 година, во однос на периодот јануари - јули 2020 година, изнесува 105.4.