Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, април 2021 година

понеделник, 31 мај 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април 2021 година, во однос на април 2020 година, изнесува 146.1.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи пораст од 16.9 %, во секторот  Преработувачка индустрија бележи пораст од 64.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 15.6 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 45.8 %, Капитални производи за 209.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 78.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 36.6 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 22.7 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари - април 2021 година, во однос на периодот јануари - април 2020 година, изнесува 103.7.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика