Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 87.8.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи опаѓање од 28.9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 11.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.2 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 28.4 %, Капитални производи за 19.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 23.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.5 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.8 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - февруари 2021 година, во однос на периодот јануари - февруари 2020 година, изнесува 87.2.