Соопштението е од областа:
Индустрија
Индекси на индустриското производство, јануари 2021 година
петок, 05 март 2021
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, изнесува 86.5. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи опаѓање од 34.3 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 9.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 11.7 %. Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки. Според главните индустриски групи, производството во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 31.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.5 %, Капитални производи за 18.0%, Трајни производи за широка потрошувачка за 20.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.3 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|