Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, ноември 2020 година

среда, 30 декември 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, изнесува 96.0.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи пораст од 8.7 %, во секторот  Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.1 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи опаѓање кај Трајни производи за широка потрошувачка за 33.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14.8 %, додека пораст бележи кај Енергија за 3.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.0 % и Капитални производи за 0.8 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – ноември 2020 година, во однос на периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 89.4.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика