Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 94.8.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање од 1.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.7 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 35.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.1 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 1.3%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – октомври 2020 година, во однос на периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 88.7.