Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, изнесува 90.5.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање од 36.1 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.6 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 10.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 9.1 %, Капитални производи за 17.4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 37.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за
0.6 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари ‒ јули 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ јули 2019 година, изнесува 86.2.