Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 73.0.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање од 4.3 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 32.1.%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14.6 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 9.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 22.5 %, Капитални производи за 47.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 48.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 22.3 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на периодот јануари ‒- мај 2019 година, изнесува 85.6.