Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември
2013 година, во однос на декември 2012 година, изнесува 109.5.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2013
година, во однос на декември 2012 година, бележи опаѓање од 4.2%, во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 13.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст
од 1.9%.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2013 година, во однос на декември 2012
година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.8%, Капитални производи за
43.8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за
14.2%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7.1%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари-декември 2013 година, во однос на периодот
јануари-декември 2012 година, изнесува 103.2.