Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во мај 2010 година

четврток, 24 јуни 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во мај 2010 година како поповолна во однос на претходниот месец. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки, исто така, е поповолна. Обемот на производството на деловните субјекти во мај 2010 година бележи значителен пораст во споредба со претходниот месец, а очекувањата за бројот на вработените во наредните три месеци се пооптимистички. Во мај 2010 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки на суровини и репроматеријали се под нормалата. Залихите на готовите производи во мај 2010 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Според оценката на раководителите, во наредниот период, просечните набавни цени на инпутите ќе се намалат, како и продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2010 година, во однос на претходниот месец, е зголемено и изнесува 56.9% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во мај 2010 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 24.9%, недоволната домашна побарувачка со 18.3%, финансиските проблеми со 14.2% и неизвесното економско опкружување со 9.5%.




  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика