Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на индустриското производство, октомври 2013 година

среда, 27 ноември 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, изнесува 106.9.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, бележи пораст од 9.7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.8%.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, бележи пораст во групата Енергија за 1.1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.3%, Капитални производи за 15.2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 36.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.9%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - октомври 2013 година, во однос на периодот јануари - октомври 2012 година, изнесува 102.6.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика