Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекс на индустриското производство, август 2013 година

петок, 27 септември 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во август 2013 година, во однос на август 2012 година, изнесува 98.8.


Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2013 година, во однос на август 2012 година, бележи пораст од 4.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4.0%.


Според главните индустриски групи, производството во август 2013 година, во однос на август 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 2.6% и Капитални производи за 5.8%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 15.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4 %.


Индексот на индустриското производство во периодот јануари - август 2013 година, во однос на периодот јануари - август 2012 година, изнесува 101.7.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика