Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекс на индустриското производство, јуни 2013 година

понеделник, 29 јули 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2013
година, во однос на јуни 2012 година, изнесува 101.9.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2013 година,
во однос на јуни 2012 година, бележи пораст од 6.7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 1.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.7%.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, бележи
пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.3%, Капитални производи за 10.0% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 1.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4.4 % и Трајни производи
за широка потрошувачка за 17.1%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - јуни 2013 година , во однос на периодот јануари
- јуни 2012 година, изнесува 101.8.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 649

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика