Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во мај 2013
година во однос на мај 2012 година изнесува 97.2.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2013 година,
во однос на мај 2012 година, бележи пораст од 9.1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање
од 9.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 34.3%.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2013 година, во однос на мај 2012 година, бележи
пораст кај Енергија за 20.2 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 13.4 %, додека опаѓање бележи
кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.6%, Капитални производи за 6.5%, и Нетрајни производи
за широка потрошувачка за 4.7%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари -мај 2013 година , во однос на периодот јануари
- мај 2012 година, изнесува 101.7.