Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Индекс на родова еднаквост во Северна Македонија 2022 - Мерење на родовата еднаквост,
2022
Родовата еднаквост е клучен приоритет и заложба на Република Северна Македонија. Воспоставувањето ефикасен правен и институционален систем за унапредување на родовата еднаквост претставува неизоставен дел од процесот на интеграција во Европската Унија и една од нејзините основни вредности. Во таа насока се направени значајни чекори за да се подобри координацијата помеѓу институциите, да се зајакнат капацитетите на институциите и да се воспостават механизми за континуирано следење на прогресот кон остварување на целите за родова еднаквост. Со цел политиките и мерките за унапредување на родовата еднаквост да бидат ефективни неопходно е континуирано следење на нивното влијание врз различни групи граѓани. Индексот за родова еднаквост е алатка за мерење на напредокот на родовата еднаквост во земјите на ЕУ и земјите кандидати за членство во ЕУ. Оваа алатка е развиена од Европскиот институт за родова еднаквост со седиште во Вилнус, Литванија. Индексот за родова еднаквост им дава поголема видливост на областите каде што е неопходно подобрување, со цел креирање подобри и поефикасни мерки за унапредување на родовата еднаквост. Само така можеме да ја промовираме родовата еднаквост, а токму податоците содржани во вториот извештај за Индексот за родова еднаквост 2022 година во Република Северна Македонија ќе ни овозможат да го следиме процесот на имплементирање на политиките и мерките за постигнување родова еднаквост. Владата на Република Северна Македонија продолжува посветено да работи на унапредувањето на родовата еднаквост. Законските измени, отворањето на првиот Ресурсен центар за родово одговорно буџетирање, креирањето политики за унапредување на позицијата на жената во општеството во соработка и со поддршка на меѓународните организации, како што се UN Women, Европската Унија, Европскиот институт за родова еднаквост, продолжува и понатаму со цел подобро општество за сите.
Датум на издавање: |
03.07.2023 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
62 |
ISBN: |
/ |
ISSN: |
/ |
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
© Државен завод за статистика