Шумарство,
2011
Државниот завод за статистика го подготви последното издание од областа на статистиката на шумарството со цел да се задоволат потребите на корисниците за податоци од оваа област во Република Македонија.
Методолошките основи според кои се врши прибирањето и обработката на статистичките податоци во значителна мера се усогласени со меѓународните стандарди.
Во статистичкиот преглед “Шумарство, 2011” се презентирани систематизирани податоци за искористувањето на шумите, вредноста на извршените услуги во шумарството, пошумувањето, негата и мелиорациите на шумите, површината на шумата, енергентите, механизацијата и сообраќајните објекти, податоци за штетите во шумите и податоци за бројната состојба на дивечот, како и за отстреланиот дивеч.
Државниот завод за статистика се надева дека овој Статистички преглед ќе ја исполни својата основна цел, така што на корисниците ќе им овозможи и понатаму да ги следат движењата во оваа област.
Сите предлози и мислења за оваа проблематика, Државниот завод за статистика ќе ги прими со посебна благодарност.
|
Датум на издавање: |
05.07.2012 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
1.89MB
|
|
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
29 |
|
ISBN: |
978-608-227-078-4 |
|
ISSN: |
1857-520X |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика