Шумарство,
2010
Државниот завод за статистика го подготви последното издание, од областа на статистиката на шумарство, со цел да се задоволат потребите на корисниците за податоци од оваа област во Република Македонија.
Методолошките основи според кои се врши прибирањето и обработката на статистичките податоци во значителна мера се усогласени со меѓународните стандарди.
Во статистичкиот преглед “Шумарство, 2010” се презентирани систематизирани податоци за искористувањето на шумите, вредноста на извршените услуги во шумарството, пошумувањето, негата и мелиорациите на шумите, површина на шумата, енергенти, механизацијата и сообраќајните објекти, податоци за штетите во шумите и податоци за бројната состојба на дивечот, како и за отстреланиот дивеч.
Државниот завод за статистика се надева дека овој Статистички преглед ќе ја исполни својата основна цел, така што на корисниците ќе им овозможи и понатаму да ги следат движењата на податоците од оваа област.
Сите предлози и мислења за оваа проблематика, Државниот завод за статистика ќе ги прими со посебна благодарност.
|
Датум на издавање: |
04.07.2011 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
805KB
|
|
|
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
29 |
|
ISBN: |
978-608-227-026-5 |
|
ISSN: |
0580-454X |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
270 денари
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика