Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Сточарство, 2014

 


Во статистичкиот преглед Сточарството во Република Македонија, 2014 год., се систематизирани и презентирани податоци за бројот на добитокот и живината, како и податоци за производството на добиточни производи: млеко, месо, волна и јајца. Податоците се прикажани на национално ниво и на ниво на региони според Номенклатурата на територијалните единици за статистика, НТЕС, од 2013 година, посебно за двата сектора - индивидуалните земјоделски стопанства и деловните субјекти.

Методологијата, дефинициите и стандардите со кои се обезбедени и обработени прикажаните статистички податоци од оваа област се во согласност со статистичката пракса во Република Македонија, како и со препораките на Статистичката служба на Европската унија - EUROSTAT и Светската организација за храна и земјоделство - FAO.

Како основа за спроведување на истражувањата од областа на сточарството во индивидуалниот сектор се користени податоците од Статистичкиот регистар на индивидуални земјоделски стопанства.

Содржината на статистичкиот преглед се состои од три дела, односно концептуални целини.

Во првиот дел се содржани појаснувања на основните методолошки концепти и дефиниции, во вториот дел се презентирани основни статистички податоци на национално ниво за периодот 2010-2014 година, а во третиот дел се презентирани подетални податоци на ниво на региони за двата производни сектора во земјоделството.

Државниот завод за статистика се надева дека овој Статистички преглед, издание од областа на сточарството, ќе ја исполни својата основна улога, на јавноста и на корисниците да им ги презентира основните податоци од областа на сточарството.


           
Датум на издавање: 20.7.2015
PDF:   Преземи ја публикацијата 2.6 MB
Excel:   Преземи табели
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 38
ISBN: 978-608-227-189-7
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика