Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Сточарство, 2009 - 2010

 


Во статистичкиот преглед Сточарството во Република Македонија, 2009-2010 год., се систематизирани и презентирани податоците за бројот на добитокот, живината и пчелните семејства, како и податоци за производството на добиточни производи: млеко, месо, волна, јајца и мед. Податоците се прикажани на национално ниво и на ниво на региони според Номенклатурата на територијалните единици за статистика, НТЕС, од 2007 година, посебно за двата сектора - индивидуалните земјоделски стопанства и деловните субјекти.

Методологијата, дефинициите и стандардите со кои се обезбедени и обработени прикажаните статистички податоци од оваа област, се во согласност со статистичката пракса во Република Македонија, како и со препораките на Статистичката служба на Европската унија - EUROSTAT и Светската организација за храна и земјоделство - FAO.Како основа за спроведување на истражувањата од областа на сточарството во индивидуалниот сектор се користени податоците од Пописот на земјоделството 2007.

Содржината на статистичкиот преглед се состои од три дела, односно концептуални целини.

Во првиот дел се содржани појаснувања на основните методолошки концепти и дефиниции, во вториот дел се презентирани основни статистички податоци на национално ниво за периодот 2006-2010 година, а во третиот дел се презентирани подетални податоци на ниво на региони за двата производни сектора во земјоделството.

Државниот завод за статистика се надева дека овој Статистички преглед, издание од областа на сточарството, ќе ја исполни својата основна улога, на јавноста и на корисниците да им ги презентира основните податоци од областа на сточарството.


           
Датум на издавање: 23.1.2012
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.5MB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 54
ISBN: 978-608-277-058-6
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 270 денари


 

 

 

 


© Државен завод за статистика