Попис на продажни капацитети во трговијата на мало во Република Македонија,
2016
Во 1916 година, во Мемфис, Тенеси, САД, беше отворена првата самопослуга наречена „Piggly Wiggly“, од пронаоѓачот и претприемач, г. Кларенс Саундерс. Во 2016 година, точно на стогодишнината од отворањето на првата самопослуга, Државниот завод за статистика го спроведе пописот на капацитетите во трговијата на мало, вклучително и пописот на бензинските станици. Во оваа публикација се презентирани податоците добиени од пописот, со цел да се прикаже квантитативна слика за капацитетите во трговијата на мало според различни карактеристики и тоа: дејноста, територијалната разместеност, локацијата, големината на прометот, големината на продажниот простор, бројот на вработените итн. Податоците од пописот може да претставуваат основа за согледување на постојната и за планирање на идната состојба во развојот на трговијата, особено за локалната самоуправа и основа за креирање на политиките за развој на локално ниво за воспоставување нови стандарди во поглед на потребите од продажен простор во зависност од бројот на населението.
|
Датум на издавање: |
17.10.2017 |
|
PDF: |
Преземи ја публикацијата
654 Kb
|
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
|
Број на страници: |
52 |
|
ISBN: |
978-608-227-280-1 |
|
ISSN: |
|
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика