Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Попис на капацитетите на угостителството во Република Македонија, 2008

 


Во публикацијата Попис на капацитетите во угостителството во Република Македонија , 2008 година, се прикажани дел од табелите во кои се обработени податоците од Пописот на капацитетите во угостителството. Пописот е спроведен во согласност со Програмата за статистички истражувања за периодот 2008-2012 година.

Пописот на капацитетите во угостителството се спроведе во периодот од 1 до 15 ноември 2008 година на целата територија на Република Македонија, со критичен момент 30 септември 2008 година.

Целта на Пописот беше да се обезбедат целосни податоци за бројот на угостителските објекти и нивната територијална разместеност, видот, категоријата, големината на прометот, големината на просторот и бројот на вработените во угостителските објекти на територијата на Република Македонија.

Пописот на капацитетите во угостителството е хармонизиран со регулативите на Еуростат во однос на содржината и белезите.

Податоците во оваа публикација се прикажани на ниво на Република Македонија и на ниво на општини. Подетални податоци корисниците можат да добијат преку други публикации или во форма на документациони табели во Државниот завод за статистика..


           
Датум на издавање: 14.09.2009
PDF:   Преземи ја публикацијата 547KB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 53
ISBN: 978-9989-197-70-3
ISSN: 1857-5196
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: -


 

 

 

 

  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци
 


© Државен завод за статистика