+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Вработени и нето-плати во Република Македонија, 2011

 


Во Статистичкиот преглед бр.2.4.12.03 (716) „Вработени и нето-плати во Република Македонија
во 2011 година” се презентирани податоци од статистичкото истражување „Извештај за вработени и
нето-плати, состојба октомври 2011”, спроведено во 2011 година. Прегледот претставува продолжение
на серијата изданија од овој вид.
Во публикацијата се објавени податоци за вработените и нето-платите според кадровската
евиденција, по белезите: пол, возраст, работен однос, вид на сопственост, школска подготовка и работно
време. Покрај нив, презентирани се и податоци за структурата на вработените според висината на
исплатената нето-плата по вработен, структурата на деловните субјекти според износот на најниската
и на највисоката нето-плата по вработен, како и според распонот на најниската и на највисоката нето-
плата по вработен и друго.
Во функција на полесно и квалитетно користење на податоците кои ги содржи публикацијата,
дадени се методолошки објаснувања.


           
Датум на издавање: 04.06.2012
PDF:   Преземи ја публикацијата 888Kb
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 51
ISBN: 978-608-227-073-9
ISSN:
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 

 


© Државен завод за статистика