+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


 
Вработени и нето-плати, 10/2010

 


Во Статистичкиот преглед бр. 2.4.11.05 (684) “Вработени и нето-плати во Република Македонија во 2010 година” се презентирани податоци од статистичкото истражување “Годишен извештај за вработени и нето-плати”, спроведено во 2010 година. Прегледот претставува продолжение на серијата изданија од овој вид.

Во публикацијата се објавени податоци за вработените и нето-платите според кадровската евиденција, по белезите: пол, возраст, работен однос, вид на сопственост, школска подготовка и работно време. Покрај нив, презентирани се и податоци за структурата на вработените според висината на исплатената нето-плата по вработен, структурата на деловните субјекти според износот на најниската и на највисоката нето-плата по вработен, како и според распонот на најниската и на највисоката нето-плата по вработен и друго.

Во функција на полесно и квалитетно користење на податоците кои ги содржи публикацијата, дадени се методолошки објаснувања.

Државниот завод за статистика се надева дека публикацијата ќе ја исполни својата улога, на јавноста и на корисниците да им овозможи согледување на основните податоци за вработените и нето-платите за определен период, а евентуалните забелешки и предлози за подобрување на изданието ќе ги прими со благодарност.


           
Датум на издавање: 04.07.2011
PDF:   Преземи ја публикацијата 686KB
 
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 41
ISBN: 978-608-227-025-8
ISSN: 1409-8997
Јазик: македонски и англиски


                                    


Цена во печатена форма: 350 денари


 

 

 

 


© Државен завод за статистика